речник контакт

ИО Димитар Влахов трет на средбите во Ниш

Велешките извидници освоија пехар во категоријата истражувачи

Петар Печков

Велешките извидници  од ИО Димитар Влахов,   го освоија третото место  на средби на извидниците во Ниш -  Србија. Тие  се натпреваруваа во рамките на “42 Меморијал Чика Драги“ во категоријата на истражувачи .

Патролата беше во состав: Благојче Ѓорѓиев, Трајче Темелковски, Мартин Голчев, Теодор Ѓорѓиев и Иван Гушев. Првото место им припадна на извидниците од ИО “Ѓука Диниќ“, а додека второто место им припадна на извидниците од Крал Петар I и двата одреди од Ниш.

Организатор  на  настанот беше  извидничкиот одред “Мија Станимировиќ од Ниш, Република Србија се одржа  од 12 до 14 мај 2017 година во месноста Белотинац  а велешките извидници учествуваа  со осум извидници.

Меморијалот претставува еден од најстарите и најпосетен извиднички собир на извидници во Република Србија. На неа   учествуваа  околу  150 извидници од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија со  30-тина  патроли, кои се натпреварува во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен.

Извидниците  на ИО  “Димитар Влахов“ од Велес беа единствените претставници од Република Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »