речник контакт

Изгоре автомобилот на финансовиот директор на Жито Вардар

Ќе се истражува како изгоре ,,маздата,,

Петар Печков

Ноќеска  по полноќ изгорел во пожар, автомобилот на финансовиот директор на Велешки  АД Жито Вардар. Тој бил  паркиран пред семејната куќа на улица Гемиџиска. Од полицијата потврдуваат дека има пријава за опожарен автомобил.

Во 2 часот во Полициска станица Велес пријавено е дека на улица Гемиџиска во Велес има опожарен патнички автомобил марка „мазда“  - изјавија  кратко  од СВР Велес. Сопственикот на автомобилот, Урош Ташев, кој е финансов директор во велешкото друштво кое го снабдува градот со леб ,,Жито Вардар,, обајснува дека не може да каже дали пожарот е подметнат или можеби   автомобилот се самозапалил. Додава дека веднаш откако бил регистриран пожарот тие, соседите и пожарникарите се обиделе да го  згаснат огнот.

Немам личности со кои се имам замерено, скарано, не сум добивал закана, така што не можам да зборувам за тоа како  колата изгоре и дали е со намера од некого  запалена  - вели Ташев.  Автомобилот ,,мазда,, изгоре во  пожар, откако подоцна  денес друштвото, каде  тој е финансов директор,  отиде во стечај.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »