речник контакт

Изгореа два автомобили во Велес

Едниот е сопственост на директорот на Маслодајна

Петар Печков

Утрово околу 03,30ч.  спроти кафената Стара Деспина, до Центарот за јавно здравје  во Велес изгореа два автомобили.   Едниот  автомобил марка ,, пасат,, е сопственост на директорот на велешка Маслодајна Горан    Лазов,  додека вториот   автомобил ,,опел астра,, бил  паркиран во негова близина и тој има сериозни и големи   оштетувања.  

Учев  дома, кога одненадеж  видов силно светло низ  прозорот. Не се слушна експлозија само  се виде светлина. Излегов и видов како гори еден  автомобил. Од силниот оган се запали и вториот, дојдоа пожарникари гасена. За првата кола немаше можност да се спаси, за втората нешто од предницата остана – вели сосед од соседната зграда.   Според полицијата ,,Опел астра “ бил сопственост на А.М. и тоа е  опожарено во задниот дел. Директорот Лазов  вели дека не може да претпостави кој и зошто би можел д а  го стори ова.

Не сум имал закани, со никого не сум се скарал. Не можам да претпоставам кој и зошто би можел да го запали автомобилот – вели Лазов.   Но ова  не е прв пат, негов имот да биде запален, пред повеќе години до темел изгоре неговата свињарска фарма на влезот во Велес а имаше и втор обид  да таа биде запалена, но  огнот на време бил спречен.  

Пред десетина дена беше запален автомобил на велешки таксист.  Претходно изгоре автомобилот на финансовиот директор на Жито Вардар.    

Заплени беа и два автомобили на соседи пред ОУ Св. Кирил и Методиј.  Опожарен и  автомобилот на командирот  на велешката полиција Димче Ѓуров, на заменикот  командир на СВР Велес Ердинч  Мемедалиев.  

Истото им се случи на автомобилите на тогашниот претседател на Основен суд Велес, Ордан Лазаровски, на судиите Шефшет Адеми и  Габриела Гајдова.  Сите овие случаи се во последните три години. Сторителите досега не се откриени. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »