речник контакт

Издаден „СТРИП АЛМАНАХ “ од македонски стрип автори

Преку СТРИП АЛМАНАХОТ се сака да се пополни едногодишната празнина помегу две одржувања на Стрип салон во Велес

Петар Печков

Македонскиот стрип центар со седиште во Велес  започна со издавање на изданието  „СТРИП АЛМАНАХ“ коешто  го ублажува проблемот на  недоволното  објавување на стрипови од страна на македонски автори.

Во првиот број  од СТРИП АЛМАНАХОТ , којшто е специјален број  од ревијата  „СТРИП КРЕАТОР“  објавени се кратки стрипови од македонските цртачи : Ненад Станчев, Горан Мазнев, Бојана Милчевска,Милан Милиќ, Мирко Бојаџиевски, Ѓунај Абдулов,Оливер Цветковски  но присутен е и Саша Арсениќ од Србија,како и македонскиот стрип доајен Миле Топуз,којшто ја изготви насловната страница.

Сценарист на сите стрипови е Ване Трајков, воедно и извршен директор на СЦМ- Велес, којшто потсетува на перманентната работа во афирмирањето  на нови лица  кои ја збогатуваат македонската стрип сцена. 

За разлика од традиционалниот  „СТРИП КРЕАТОР“,  кадешто се објавуваат стрипови од  Интернационалниот  Стрип  салон во Велес, преку СТРИП АЛМАНАХОТ се сака да се пополни едногодишната празнина  помегу две одржувања на оваа  стрип манифестација кај нас - вели Трајков.

Според него присуството на гостинот од Србија, како и на ветеранот  Топуз не е грешка, напротив, претставува солидна можност за споредба со  сегашните творечки квалитети кај македонските стрип цртачи. Ова списание е финансиски подржано од страна на Министерството за култура на Република Македонија и може да се набави во Стрипарницата „БУНКЕР“ во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »