речник контакт

Изложба за Ромите во конц логорите (фото)

За Холокаустот на Ромите од Унгарија во Втората Светска војна

Петар Печков

  Во Ликовниот  салон во Велес отворена е изложбата  ,,Патот на логорите на смртта“ посветена на страдањето на Ромите во Унгарија. Тоа е  дел  од  поголема колекција поставена во Центарот за Образование, историја, култура и Холокауст на Ромите во Будимпешта -Унгарија.

 Ја преставува  трагичната судбина на Ромите во Унгарија за време на Втората светска војна и  потсетува на трагичните настани од Холокаустот. Изложбата е  организирана со  помош на Амбасадата на Унгарија во Скопје и Ромскиот  културен центар од  Будимпешта. Изложбата содржи 13   паноа на кои  е прикажан животот на овој народ во Унгарија. 

Повеќе од половина  милион жители на Унгарија, Роми се  однесени од државата, Меѓу нив деца, старци. Најголемиот дел од нив беа задушени во логорот  Аушвиц  на 2-ви август 1944-та година. Оваа изложба е за потсетување на тажната  судбина на овие луѓе. Овој ден е ден на сеќавање на Ромите во Унгарија   -  рече  Лајоше Бенце амбасадор на Унгарија во Скопје.  

 Изложбата е отворена до 7-ми февруари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »