речник контакт

Изложба на фотографии ,,Момент на впечатоци 2,, (фото)

Преку 24 изложени фотографии, авторот Каролина Мицевска доловува нови предели, како од Македонија така и од Русија

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на фотографии ,,МОмент на впечатоци 2,, на Каролина Мицевска од Прилеп. Преку 24 изложени фотографии, авторот доловува нови предели, како од Македонија така  и од Русија.  

Фотографиите на Мицевска се чисти, јасни, искрени и кај гледачот предизвикува чувство на смиреност, исполнетост и внатрешна рамнотежа–  вели  писателот Петар Петрески  за творештвото на Мицевска.

Изложбата настана сосема случајно, по моето враќање од Русија. Имам фотографии настанати и во Македонија. Многу сакам да ги сликам манастирите, убавините на Охридското езеро, спој на духовното. Постојано сум со фотоапаратот в  раце, првиот беше руски смена. Во овие фотографии нема ронка фотошоп. Тие се такви како  што се излезени во моментот, на нив нема интервенција - рече авторката  Мицевска  

Мицевска има досега изложувано со овие фотографии  во родниот Прилеп,, во Радовиш, Гевгелија, Неготино, Крушево. Таа работи како новинар во Центарот за култура  во Прилеп ,,Марко Цепенков,,.  Мицевска е дописник на весникот Нова Македонија од Прилеп.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »