речник контакт

Или три милиони денари или крај на тужбата против државата

Велес може да се повлече од тужбата против Република Македонија, со која бара пари за обештетување поради тридецениското загадување на градот.

Петар Печков

 Причина за ова е што тужителите, општината Велес и граѓанското здружение ,,Зелена коалиција,, , немаат три милиони денари да платат за дополнително вештачење. Истото е потребно за да се констатира  колку е згадена велешката почва, како резултат на триесетгодишното работење и загадување од топилницата а за кое државата не презела мерки тоа да се спречи  

Вештачење на почвата треба да го изврши д-р Нацевски професор на Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје. Поради обемноста на работата, тој побарал помош од деканот на факултетот, кој  на вчерашното ( вторник) рочиште во Основниот суд во Велес, за извршување на оваа работа побара три милиони денари. До наредниот претрес на 28-ми април, ние мора како тужители да се изјасниме дали тие пари ќе ги платиме, со рок да крајот од годинава, или судот својата одлука ќе ја донесе врз основа на досега добиените податоци и факти. Ние како непрофитни организации тие пари ги немаме и не знаеме  дали и како ќе ги обезбедиме – велат од ,,Зелената коалиција,, граѓанско здружение на десетина невладини еколошки организации од Велес, кој заедно со локалната власт ја тужат државата.

Тие се сомневаат,  откако општината се прогласи за рамноправен партнер, дека таа ќе одвои 50 илјади евра од градскиот Буџет, кој е со лимитиран износ, за да се дознае вистината за загадениот град кој беше на црната листа на Светската здравствена организација во 2001-та година. Од еколошката групација ,,Зелена сила,, испратија конкретен предлог како можно решение, од каде да се најдат пари за вештачење.

 

Во тек е тендерот на Министерството за животна средина за дислокација на ридот со згура тежок 1,7 милиони тони во кој има олово и цинк, кои можат да се преработат и да се заработи. Средствата од неговата продажба нека се искористат за плаќање на трошоците за вештачење на загадената почва – велат од Зелената сила.

Пред неколку години во две различно спроведени научни истражувања, едното и од професорот на ТМФ д-р Стафилов беше докажано дека почвата  во поширокиот велешки регион е загадена до длабочина од  50 цм со високи вредности на тешки метали. Минатата година велешани сами ги платија 80 илјади денари потребни за вештачење за определување на границите на површините, кои сега треба да се испитаат колку се загадени. Тогаш преку доброволни прилози се собра неопходните пари. Сега е крајно неизвесно како и од каде ќе се соберат трите милиони денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »