речник контакт

Има ли фантомски гласачи во домот на пратеникот Коџобашиев

Од Подрачната единица на ДИК , во Велес објаснуваат тоа се кираџии

Петар Печков

Велешката опозиција  праша  дали е точно дека во домот на  пратеникот Ѓорѓи Коџабашиев, од редовите  на  ВМРО-ДПМНЕ живеат наводни фатомски гласачи. Тие  одржаа  прес конференција  пред домот на  пратеникот, на улица Мирка Гинева бр.16..

Според информациите во дел од медиумите, на адресата на која  живее  пратеникот Коџабашиев, се водат уште шест избирачи со презиме Станојковски а кои реално се неопстоечки.  Дали е ова точно и јавноста очекува одговори, праша Весна Богоевска Стојанова, портпарол на  СДСМ Велес.  

Таа дополни дека овие шест лица , според копиите на избирачкиот список, споделени во јавноста,  се наоѓаат на него од 2011 -та до последните избори во 2014-та.  

Објаснување за оваа дилема,  даде раководителот на Подрачната единица на ДИК за Велес, Костадин Бабунски.

 Станува збор за потстанари, кои се водат на избирачкиот список. Тие  сега живеат во Свети Николе и  од таму доаѓале да гласаат во Велес.  Нив ги нема на друг избирачки список и нивното право го остваруваат само тука - рече  Бабунски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »