речник контакт

Имаше и препиени и прејадени за пречекот на Новата 2016-та

Дел од младите без контрола и јадат и пијат. Едно момче завршило на Токсикологија во Скопје. Брза помош без сериозни интервенции

Петар Печков

Пречекот на Новата 2016-та година минал вообичаено  мирно и без посериозни инциденти. Во Хируршкото  одделение немало регистрирано пациенти  како последица на тепачки, сообраќајки, повредени од петарди.

Но затоа на Интерното одделение полни раце работа. Имало десетина случаи, пред се на млади од 16 до 15 годишна возраст кои бил донесени поради алкохолизираност или прејаденост.   Карактеристичен е случајот на 20 годишно момче кое било толку  ,,напиено,, што морало да биде пренесено на Токсикологија Скопје.

 Останатите биле повеќето во алкохолизирана состојба, помалку од нив прејадени и по третманот пуштени дома.  Меѓу нив имало и девојчиња.  Ноќта на преминот помеѓу двете години дежурната служба на Итната помош имала вообичаен број на прегледи, без сериозни случаи- сообраќајки, тепачки. Повеќето од пациенти барале да им се измери притисокот.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »