речник контакт

Индиски БРЏ групација ја купи велешка Порцеланка

Ќе се произведуваат садови за домаќинство од не`рѓосувачки челик. Планирани се илјада вработувања

Петар Печков

Индиската   групација  БРЏ ја   купи велешка Порцеланка.  Договорот  за оваа браунфилд инвестиција, со која се превзема постоен објект,  го потпишаа   Сендеп Голај  претставник на Индиската компанија   ,,М сквер  Балкан Лимитид,,, со седиште во Скопје и македонскиот министер    Џери Наумоф.  

Сопственикот Шанаи  Бандари соопшти дека оваа инвестиција е вредна 31 милион евра, ќе вработи илјада работници и ќе изработуваат  производи за домаќинство, за кујна и садови за готвење   од не`рѓосувачки челик.  Истите ќе се пласираат во земјите од Европа, Северна Африка и Блискиот Исток.  

Ова  е  скромен почеток и се надевам и очекувам, дека ќе постегнеме успех - рече Бандари.  Индијците претходно објектот го купиле од Комерцијална Банка и  ,,Нова  Холдинг,, сопственост на  Трифун   Костовски, кој пред десетина години се обиде да ја рестартира Порцеланка, но неуспешно.  Средствата од  данокот за купопродажбата веќе легнале во општинската каса.

Градоначалникот Славчо Чадиев ја поздрави оваа одлука на Индијците и очекува економски просперитет на граѓаните.  Директорот на индиската компанија во Македонија Сендеп Голај, ги најави нивните планови со фабриката. 

Сакаме Велес повторно да го направиме центар  на производствени капацитети. Локацијата ја избравме поради  понудената работна сила и инфраструктурата и поддршката од градоначалникот. Имаме 13 илјади вработени во повеќе земји од светот со претставништва во Лондон, Хонг Конг,  Сингапур, Дубаи -рече     Голај.  

Министерот за инвестиции Џери Наумоф, даде детално објаснување  од есента 2014-та кога започнале првите контакти, па се до денешното потпишувањето на договорот.

Ова беше долг процес, со многу работа и убедување дека инвеститорот е добредојден во Македонија и  има одлични услови за работа - рече Наумов. 

Премиерот Никола Груевски потенцира дека основа за се во работата е довербата. Токму таа се градела година и пол со Индијците. 

Важно е  на инвеститорите да им  се докаже, дека тоа што го вложат, ќе го добијат тоа што им го ветувате, нема да бидат изиграни, ќе наидат на пријателска  Влада, која ќе им биде водич низ процесот.  Со задоволство  ја објавуваме веста за влезот на една од најголемите и најбрзорастечки светски компании, во делот на производство на производи од   нe`рѓосувачки челик во Велес. Ова е втора голема инвестиција во Велес  по таа за Маркард од пред три месеци  Новата инвестиција ќе значи економско раздвижување на локалната економија  и многу индиректни работни места. Оваа инвестиција  ќе го зголеми и така  растечкиот извоз на Македонија   - рече Груевски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »