Петар Печков
Објавено: среда, 23 октомври 2013
Во вторникот навечер околу 19,00 часот во атарот на Башино Село, после мостот на реката Вардар, З.Т.(43) од Велес извршил предизвикување општа опасност информаира од СВР Велес.
Откако негововoтo возило камион марка „Ман“ натоварен со песок а управувано од Л.Л.(54) од Велес било запрено од страна на полициски службеници, сопственикот З.Т. спротивно на наредбите на полицајците влегол камионот и песокот го истурил, по што се обидел да го прегази полицискиот службеник.
Потоа со кренат кипер З.Т. закачил телефонските жици кои се искинале и се искршиле три дрвени бандери. Но тој не завршил тука, туку по настанот со камионот се упатил на локалниот пат Велес-Башино Село и ги загрозил другите учесници во сообраќајот.
По целосно расчистување на случајот, велешката полиција ќе поднесе соодветен поднесок.
Tweet |