речник контакт

Испад на преносната мрежа на МЕПСО била причината што ноќеска немаше струја

Четити часа 60 илјади жители на Општина Велес и Чашка беа без струја

Петар Печков

60 илјади жители на општина Велес и Општина Чашка, ноќеска  четири часа немаа електрична енергиј, причина  бил испадот на преносната мрежа, информираа од МЕПСО. 

Претходно  ЕВН Македонија  кажа  дека  нема вина и одговорноста ја префрли на македонскиот електро преносен систем, бидејќи струја не добивале двете трафостаници кои ги снабдуваат жителите на општините  Велес и Чашка со електрична енергија.  

Заради испад на преносната мрежа во 1,35ч. регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија на Велес. Екипи на МЕПСО веднаш излегле на терен, интервенирале  и Велес добил напојување  во 3,47 ч. Прекинот на снабдувањето бил во траење од два часа - стои ви писмената информација од АД МЕПСО. 

Од ЕВН Македонија  дополнија дека тие етапно ги пуштале различните делови од градот и општината со електрична струја па затоа во Центарот за управување со кризи е регистрирано дека струјата дошло во 5,50ч. 

Во овие четири часа додека градот немаше струја полициски коли патролираа низ улиците на Велес,  а во СВР Велес  нема пријави за нарушување на јавниот ред и мир, кражби или други инциденти. 

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »