речник контакт

Исчезнатото лице од Велес, пронајдено починато

Околу пладне пронајдено е лицето Драган П. кој излетал од автомобилот, кој пак е пронајден покрај реката Вардар

Петар Печков

Исчезнатото лице,  Драган П. кое беше пријавено дека го нема дома неколку дена, е пронајден починат во автомобил, кој излетал од автопат. Возилото било пронајдено долу крај Вардар додека телот било на падините од удолницата.

„Денеска 7 декември  во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот „Пријателство", во правец од Скопје кон Велес, на околу 1400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено излетано возило од патот, марка „форд фокус" со велешки регистарски ознаки. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот П.Д.(59 год) од Велес, за кој на 6 декември  неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Смрт кај возачот Драган П.  констатирал лекар од Итна медицинска помош- Велес, а увид на местото извршил јавен обвинител и увидна екипа од СВР- Велес.  На помош биле повикани и пожарникари од ТППЕ Велес.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Истрагата треба да ги открие причините за смртта на Драган П. но и за излетувањето на автомобилот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »