Петар Печков
Објавено: петок, 12 мај 2017
Со убедливи 9:1, екипата на Велес како гостин ја совлада Црна Река и се пласира во финалето на Македонскиот куп. Таму ги чека екипата на Шкупи, со која се борат и за титулата првак. Се уште не е определен терминот кога ќе се игра финалето, ниту местото каде ќе се игра.
Се одиграа и два фудбалски куп натпревари, за Повардарјето. Во двете средба играа велешките екипи. Превалец на пенали 4:3 го елиминира ФК Гемиџии, откако во регуларниот дел заврши средбата без победник 3:3. Борец 1919 пак со 3:0 го победи Илинден од Башино село.
Така Борец и Превалец ги продолжуваат натпреварите во зоната, од каде три екипи влегуваат во завареницата 16 /финале на Фудбалски куп на Македонија.
Tweet |