речник контакт

Како да се стигне до крштелницата во новата црква

Од локалната власт објаснуваат работиме на решение како со автомобил до крштелница

Петар Печков

Годинава новата црва  Св. Кирил и Методиј,, ќе биде  осветена, но за нејзино користење се јавува еден проблем. Тоа е приодот за возила до крштелницата која е во задниот дел, од страната на Младински парк.

До неа  нема приод нема патека а просторот пред црквата е со мал капацитет за паркирање на  автомобили. Или ако дојдат повеќе мина за овој христијански ритуал, крштевањето  не ќе може каде да ги паркираат автомобилите. Затоа ТрМр го праша градоначалникот како планираат да ја решат оваа состојба. 

Размислувавме за оваа ситуација, како да ја надминеме. Актуелното решение не е најдобро, оти има приод само од главната улица.  Мора да се најде сообраќајно решение, бидејќи пешачки не е проблем. Изградивме паркинг простор во дворот на  Гимназија, кај спортските терени,  тој е за таа цел.  За пристап  со автомобили е потребна патека. Со новото решение кружен тек кај семафорите, нарачани се проектите, да одвоиме една патека која би се  користела за приод до крштелница. За неколку месеци  ќе биде готов проектот тогаш ќе видиме како е најдобро. Ако не  паркингот ќе биде можност за гостите каде да ги остават автомобилите  – изјави градоначалникот Чадиев.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »