речник контакт

Калиопи во финалето на Евровизија

Калиопи со изведба која ги воодушеви сите, ги победи и обложувалниците кои и предвидуваа пласман на самото дно

Петар Печков

Калиопи успеа да се пласира во завршната финална вечер на Песната на Евровизија, која годинава се одржува во Баку Азербејџан. Таа се најде меѓу десетте земји кои  ќе пеат в сабота на завршницата каде ќе биде во конкуренција 26 земји. Калиопи во финалето ќе пее како 22.

Последен македонски финалист беше Каролина Гочева во 2007-ма, по што имавме четири сушни години, бидејќи Врчак, Тамара и Адријан, како и Next Time, Ѓоко Танески и Влатко Илиевски не успеаја да се пласираат. Елена Ристевска, која со освоеното 12-то во Атина 2006-тата  место е наш најдобро пласиран изведувач со нумерата ,,Нинанајна,,.  Тоше Проески во 2004-тата кога пееше во Истанбул  со ,,Ангел си ти,, како финалист се пласираше на 14-тото место.

Ова е второ учество на Калиопи на Евросонгот. Таа пееше и 1996-тата кога со ,,Само ти,, не обезбеди пласман во финалето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »