речник контакт

Катастар отвори канцеларија во населба Чашка

Услуги кои ги дава канцеларијата се издавање на имотни листови и издавање на копии од план

Петар Печков

Од почетокот на месецов во населба Чашка работи канцеларија на  Агенција за катастар на недвижности, Одделение за катастар на недвижности Велес.

Така  жителите од Општина Чашка имаат можност на лице место да ги добијат услуги од канцеларијата и тоа издавање на имотни листови и издавање на копии од план. Поради ова жителите на општината немаат потреба повеќе за овие документи да патуваат до Велес. 

Во скоро време се очекува да се воспостави услугата исправување на грешки на сопственост кои ги имаат жителите од Општина Чашка за време на систематското запишување од излагањето на податоците од катастарот на недвижности.

Канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности работи секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот. Со функционирањето на канцеларијата се  приближуваат услугите на катастарот до жителите од Чашка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »