речник контакт

Кај велешани има интерес за тестирање од ХИВ-СИДА

Годинава нема нови случаи на заболени, ниту ХИВ позитивни. За жал годинава едно лице почина а во градот има уште шест заболени од АИДС

Петар Печков

Кај велешани има интерес за проверка дали имаат АИДС: Според информацијата од Центарот за јавно здравје Велес изминатата 2018-та година околу стотина лица го посетиле доверливото советувалиште за проверка од ХИВ/СИДА, и извршиле тест. Убавата вест е што ниту еден велешанец оваа година не е заболен  од АИДС ниту е ХИВ позитивен. За жал годинава едно лице,  кое минатата година е регистриран заболен од АИДС починало.   

Доаѓаат млади за да се изврши проверка од ХИВ СИДА. Дел од нив се заради потребна документација за заминување во странство, престој или работа, но некои и за нивна  лична потреба.   Најчесто се лица на возраст до 40 години. Иако младите  велат дека знаат се, има  моменти на слабост, кога се под дејство на алкохол или дрога  и се заразуваат. Тогаш е веќе доцна. За овие 12 месеци во градот нема  нови случи на заразени со ХИВ СИДА  – изјави за ТрМр примариус д-р Билјана Трајкова епидемиолог  од Центарот за јавно здравје.  

Светскиот ден на борбата против сидата е 1-ви декември. Тој не е против заболените од ХИВ АИДС туку против предрасудите што кај повеќето жители на планетата Земја владеат за овие лица. Заболените лица  често се судруваат со  социјални проблеми, дискриминација,  осудени се од јавноста, етикетирани. 

Токму затоа Светската Здравствена Организација СЗО овој ден го намени во борбата против предрасудите и со едукација за заштита, не од ризичните групи, туку од ризичното однесување на секој човек. 

Д-р Трајкова потсети дека повеќе години наназад во градот немаше нови случаи на заразени  или носетили на ХИВ СИДА, а лани  се случија два. Или во Велес има  вкупно шестмина  заразени  од СИДА, ова е бројка од  2005-та од кога се води евиденција. За сите години има еден случај на починато лице. 

Во Македонија од 1987 до сега се регистрирани 400 случаи на ХИВ. Од регистрираните случаи 339 (86%) се од машки пол а 54 (14%) се од женски пол. Во последните две години сите новооткриени случаи се од машки пол. Дистрибуција според возраста  укажува дека најзафатена е сексуално активната популација на возраст од 20-39 години кои чинат 74% од дијагностицираните случаи. Кумулативно според начинот на трансмисија, најголем број од случаите213 (53%) се кај мажи кои имале секс со маж, хетеросексуалниот начин на пренос е регистриран кај 153 случаи (38%), Лица кои инјектираат дроги учествуваат со 2,5% а по 6 случаи се регистрирани кај лица со хемофилија (последниот пред 15 години) и пренос од мајка на дете. Кумулативно 99 од дијагностицираните лица во Македонија починале поради причини поврзани со СИДА.

 

 Во 2018 до сега се регистрирани 41 нови случаи на ХИВ, од кои сите се од машки пол. Возрасната дистрибуција на случаите регистрирани во 2018 година не отстапува од досега регистрираните случаи. Возраста на новите случаи се движи од 21 до 51 година, a 82% од случаите се на возраст од 20 до 39 години, од кои по 17 случаи на возраст од 20-29 и 30-39 години. На возраст од 40-49 години биле 6 случаи и еден во возрасната група од 50-59 години. Според начинот на пренос, 78%  од случаите се мажи кои имале секс со мажи, 7 лица пријавиле хетеросексуален начин на пренос, а за едно лице не се знае начинот на пренос. Од случаите во 2018 година, повеќе од половина  се со место на живеење во Скопје, а останатите  18 случаи се регистрираат како спорадични во 13 града од Македонија. Еден случај во 2018 е странски државјанин. Во 2018 година регистрирани се 3 смртни случаи поврзани со СИДА. Како дел од активностите на Институтот за Јавно здравје на Македонија,  за намалување на ризикот од ХИВ и СПИ поделени се близу 67.000 информативни материјали, 274.000 кондоми и 360.000 сетови за безбедно инјектирање

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »