речник контакт

Кај двајца велешани пронајдено 2 кг марихуана

A.Ф. (43) и .Х.Е (35) заработија кривични и одреден им е месец дена притвор

Петар Печков

Велешката полиција најде два килограми марихуана кад двајца велешани, A.Ф. (43)  и .Х.Е (35) за што заработија кривични и  одреден им е  месец дена притвор.   Според СВР  Велес А.Ф.  поседувал поголемо количество на марихуана, која имал намера да ја продаде. Со таа цел стапил во контакт со   Х.Е. и му дал 22 идентични пакувања со дрога со вкупна тежина од околу 2 килограми. 

При тоа инсистирал   да најде купувачи и да ја продаде. Со цел постојано да бидат во контакт А.Ф.  му дал мобилен на кој постојано му се јавувал и барал да најде купувачи..Х.Е. конечно успеал  стапил во контакт со непознати  лица од Кочани и со нив договорил купопродажба на одредена количина на марихуана.

Во средата откако добил илјада денари  од А.Ф: Х.Е. отишол со автобус во Кочани, но при рутинска контрола од страна на полицијата,  сопрен е автобусот и е пронајдена дрогата , а Х.Е.  е приведен во полиција. При извршениот претрес во неговиот дом е пронајдено 22 пакувања со опојна дрога марихуана, со вкупна тежина  околу 2 килограми, за која тој објаснил дека е добиена од А..Ф. со цел продажба   Против двете лица е поднесена кривична пријава за поседување и дистрибуирање на опојна дрога.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »