речник контакт

Кино на отворено, на Сармаале

Настанот е со цел да се подигне свеста на граѓаните зошто е потребно кино.

Петар Печков

Членовите  од Медиа Арт клубот при МОФ од Велес на плоштадот С’рмаале подготвија урбано кино на отворено. По низа предавање од уличната уметност и стекнување на вештини за цртање изработија сопствен арт телевизор каде го проектираа документарниот филм со наслов Banksy vs Robbo & The Graffiti War.

Киното е објект кој служи за културен развиток на граѓаните, дружба, забава како и план за петочна ноќ на младите. Градот Велес со години нема кино. Настанот е со  цел да ја подигнеме свеста на граѓаните за тоа зошто ни треба кино. Седнавме на С’рмаале, наместивме платно и проектиравме филм. Сето ова беше изведено но со пречки - светлина која сметаше на проекцијата како и звуците од автомобили кои оневозможуваа да слушаме убаво. Сметаме дека граѓаните ја сфатија нашата порака- немамеве  услови за да изгледаме еден филм, а дружбата меѓу нас младите и заинтересираноста за филмот беше очигледна - изјавија Илина и Стефан кои беа координатори на овој настан.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »