речник контакт

Киро Ќучук пак ги затвори вратите за работниците

Исклучената струја поради неплаќање причина за престанокот со работа. Истото се повторува секоја есен неколку години наназад.

Петар Печков

Од пред десетина дена фабриката за тули АД Киро Ќучук повторно престана со работа. И повторно причината е долгот кон ЕСМ. Од таму информираа дека друштвото иако имало договор за плаќање на рати, тоа не го почитувале по што тие струјата ја исклучиле. Не прецизираа колкав е долгот, но станува збор за милионска вредност собрана за повеќе години.

Оваа прска на неплаќање во АД Киро Ќучук е присутна секоја есен изминатите години, за повторно од пролет да го платат долгот и започнат со работа. Така 60-тината работници колку што останаа или беа ангажирани да работат сега се повторно дома. Истовремено со исклучувањето на струјата снемало и мазут, така што фабриката нема ни енергенси за работа.

Таа работеше од почетокот на мај, па се до крајот на септември, вкупно пет месеци. Некогашната гордост на градот фабриката  за тули, која прехрануваше 800 фамилии, подолго време е задолжена, и се спасува во неколку наврати од стечај.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »