речник контакт

Кога бубрежно болните ќе добијат нови чисти апарати за дијализа

Одделението за дијализа и натаму со заразени апарати со Хепатит Ц

Петар Печков

И натаму нема позитивни вести за корисниците на центарот за дијализа при Велешката Болница.  Таму постојните апарати за дијализа се заразени со хепатит Ц а бубрежно болните мора да седнат на нив за да се лекуваат. При посетата на оваа здравствена институција министерот Тодоров не донесе вести дека овие  апарати наскоро  ќе бидат заменети.

Ова не е проблем само на велешката Болница, тој е национален. Затоа ќе излеземе со генерално решение за територијата на Македонија. Ова е децениски проблем во земјава. Имаме начин да го решиме и работиме  заедно  да го решиме со Светската банка и АЕФЦ – рече министерот Тодоров.

И додека се чека да се реши проблемот со заразените апарати за дијализа, нивните корисници и натаму седнуваат со горчина поради што  се заразени поради негрижа на државата. Пациентите го плаќаат данокот на негрижата при изградбата на одделнието, но и потоа - бидејќи државата веќе цела деценија заборавила на овие болни, па не им ги подновила апаратите, кои често се расипуваат, дури и среде дијализа!

Условите во центарот за дијализа во велешката општа болница се опасни по живот - од 36 болни кои таму одат да ја пречистуваат крвта, дури 33 се веќе заразени со смртоносниот вирус на хепатитис Ц, преку апаратите. Хепатитис Ц е хронично заболување од кое страда црниот дроб, а некои од болните подоцна добиваат рак. За жал, само еден апарат остана чист на ова одделение, па на него ги вклучуваат новите болни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »