речник контакт

Колешка го измамила колегата за хипотекарен кредит од 7,6 илјади евра

Наместо да си ги поделат парите од кредитот, С.Т. ги зела сите а колегата К.Т. ќе останел и без куќа оти таа не ги плаќала ратите

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против С.Т. од Велес за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2010 година, таа  се договорила со колегата  К.Т. од Велес во нејзино име да подигне кредит од Стопанска банка- Велес, за што како гаранција тој  ја ставил својата куќа под хипотека. Парите  пак  се договориле да ги поделат на половина, секои за свои потреби. 

С.Т. по одобрување на кредитот, го искористила отсуството на  колегата  од работа и паричните средства во износ од 7.600 евра ги подигнала и ги употребила, без да го извести К.Т. и да му исплати половината од износот. По ова, поради неплаќање на обврските од страна на пријавената, К.Т.  кон Банката го исплатил целиот износ од кредитот оти се заканувало да му биде активирана хипотеката над куќата и да остане без неа. Иако  колешката  му ветила дека во најкраток рок ќе го врати износот, ни по две години досега го нема сторено истото.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »