речник контакт

Кој и зошто го демолира автомобилот на градоначалникот Петров

Петров - ова е безумен и вандалски чин. Пораката примена, јас продолжувам да работа по совест и закон

Петар Печков

Во ноќните часови,засега непознати сторител или сторители го демолираа  приватниот автомобил  марка ,,SAAB,, на Горан Петров, градоначалник на Велес. За­се­га не е поз­на­то кој стои зад ван­да­лиз­мот. Гра­до­на­чал­ни­кот  ве­ли де­ка не знае кој би мо­жел да сто­ри так­во неш­то. 

Ут­ро­во ко­га трг­ну­вав на ра­бо­та на мес­то­то на кое со го­ди­ни стои мо­јот ав­то­мо­бил за­тек­нав ис­кр­ше­ни три стак­ла од про­зор­ци­те. Ова е на­мер­но сто­ре­но и не слу­чај­но мо­јот ав­то­мо­бил е ош­те­тен. Ос­та­вам МВР да го рас­чис­ти слу­ча­јот. Не мо­жам да по­со­чам на по­е­ди­нец или гру­па, на ди­рек­тни или ин­ди­рек­тни за­ка­ни. Очиг­лед­но де­ка са­ка­ле да ми упа­тат по­ра­ка. Таа е при­ме­на. Мо­јот од­го­вор е де­ка ка­ко чо­век и ка­ко гра­до­на­чал­ник ра­бо­там по мо­ја­та со­вест и по за­ко­ни­те и не­ма да го сме­нам на­чи­нот на раз­мис­лу­ва­ње и ра­бо­те­ње. Ова е без­у­мен ван­дал­ски чин - из­ја­ви Пет­ров.

Од СВР Ве­лес ве­лат де­ка ра­бо­тат на от­кри­ва­ње на сто­ри­те­лот или сто­ри­те­ли­те. Со­се­ди­те што жи­ве­ат во бли­зи­на на мес­то­то на кое се слу­чил ин­ци­ден­тот не слуш­на­ле ниш­то сом­ни­тел­но таа ве­чер.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »