речник контакт

Кој кога на училиште на 2-ри септември

Распоред на почеток на наставата за основните и средни училишта од Велес

Петар Печков

Наставата за првачињата од ОУ Благој Кирков и ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот  започнува во 7 часот. Во истиот термин наставата започнува и за сите останати ученици од второ до осмо  од ОУ Благој Кирков.  Попладне со почеток во 13 часот започнува наставата за  учениците од  второ до осмо одделение во ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот .

Во ОУ Блаже Конески претпладне од   7,30 часот се првачињата , заедно со второ ,трето и четврто одделение како и  5-3,4,5  шестто  и осмо  деветолетка. Попладне од  13 часот се учениците од седмо и осмо – осмолетка, како и  5 -1,2.

Наставата во ОУ Васил Главинов започнува во 7 часот за   прво, второ, четврто, шесто и осмо – деветолетка. Попладне од  13 часот се трето, петто, седмо и осмо – осмолетка.  

Сите ученици од второ  до осмо одделение од Св. Кирил и Методиј со настава започнуваат во 8 часот додека прво одделение  првиот час ќе го имаат во 9 часот.

Сите основци од ОУ Стојан Бурчевски Буридан од Иванковци започнуваат со настава во понеделник во 7.30 часот.

Основците од ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари со настава  започнуваат во 7,40 ( не е грешка во 20 до 8) сите од прво до осмо одделение,   а во Превалец во 7,30 часот 

 Средните училишта започнуваат со следниот распоред.

Гимназија Кочо Рацин во 7,30, Хемиска Димитрие Чупоски во 13,30 часот. Економско  Јовче Тесличков со настава започнува во 7,30 часот.  Учениците од Коле Неделковски со настава започнуваат претпладне од 7,30 прва и трета а попладне од  13,30 часот втора и четврта.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »