речник контакт

Кралот Лир на велешки театар избран за фестивалот Војдан Чернодрински

Во конкуренција за награда се 12 претстави

Петар Печков

На претстојниот 49. МТФ "Војдан Чернодрински" во Прилеп (6 - 13 јуни), театарската публика ќе може да проследи 13 претстави и тоа 12 во конкуренција и една претстава по покана на Фестивалот за свеченото затворање. Добитници на наградата за животно дело за оваа година на МТФ "Војдан Чернодрински" се доајените Снежана Стамеска, Мустафа Јашар и Салаетин Билал.

"Крал Лир" - автор Вилијам Шекспир - режија Ѕвездана Ангеловска . Во неа настапува безмалку целокупниот ансамбл на театарот Џинот и Зоран Љутков како гостин  од Драмски од Скопје. Останатите селектирани претстави се:

"Вечната куќа" - автор Јордан Плевнеш, режија Дејан Пројковски - МНТ Скопје

Евангелие на глупоста" - комплетно авторство Љубиша Георгиевски - Драмски театар Скопје

"Хамлет во пикантен сос" - автор Алдо Николај, режија Александра Кардалевска - Театар Комедија Скопје.

"Живот под кирија" - автор Рефет Абази, режија Лука Кортина - Албански театар Скопје

 "Камен" - автор Марио Фон Мајенбург, режија Билге Емин - Турски театар Скопје

"Мрачна комедија" - автор Питер Шефер, режија Спасое Миловановиќ - НУЦК "Ацо Шопов", НТ Штип
 "

Хеда Габлер" - автор Хенрик Ибзен, режија Ѕвездана Ангеловска - НТ Битола

"Јас инспекторот" - автор Давид Фар (по Н.В.Гогољ), режија Агим Сопи - Тетовски театар

"Нашиот клас" - автор Тадеуш Слобоѓанек, режија Владимир Милчин - Театар за деца и младинци Скопје

"Џорџ Орвел 84" - автор Џ. Орвел, режија Деана Николовска НУЦК "Антон Панов", Струмица

"Добриот војник Швејк" - автор Бертолт Брехт, режија Мартин Кочовски - Театар "Војдан Чернодрински" Прилеп

Претстава по покана за свечено затворање:
 "Стјуардеси", автор Марк Камолети, режија Синиша Ефтимов - Театар Комедија Скопје

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »