речник контакт

Крводарителска акција во Здравствен дом, организирана за прв пат

Собрани се 34 крвни единици, петмина се првократни дарители

Петар Печков

Крводарителска акција за прв пат се одржа во ЈЗУ  „Здравствен дом“Велес. На истата даруваа вработените во оваа институција. Беа собрани 34 крвни единици, бројка која е над очекувањата на организаторот и ја оцени за успешна. Од нив 18 се мажи и 16 жени, а петмина биле првократни дарители.

Меѓу нив беше и претседателка на ОО на Црвен крст Велес д-р  Кевица Клифова а директорот на ЈЗУ Здравствен дом Нино Николов даруваше по 50 пат.  Од дарителите петмина даруваа за прв пат и официјално станаа крводарители.

Крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, помогнати од Јавната здравствена установа Здравствен дом.

фото ОО Црвен крст Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »