речник контакт

Кривични за двајца велешани за поседување марихуана

Р.У бил открен кај Костурница додека С.З. се враќал во велешкиот затвор

Петар Печков

МВР информираше за два одвоени случаи на поседување марихуана, кај двајца велешани.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.У.(21) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.03.2019 на место викано „Костурница“ во Велес, пријавениот му продал пакувања со марихуана на С.С., кои потоа биле одземени од полициски службеници. При претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени амфетамини и марихуана.  

СВР Велес поднесе кривична пријава против С.З.(37) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.03.2019 над пријавениот, кој се враќал од излез во Казнено-поправната установа Велес, надзорник од затворот извршил преглед, при што пронашол и одзел марихуана.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »