речник контакт

Кривични за фалсификување исправа и несовесно работење во службата

Се однесуваат за сопственик на фирма и екс директорка

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против З.С. (54) од Велес, сопственик на правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ и против Ф.И. (59) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.  

Постапувајќи по пријава поднесена од страна на директорот на ООУ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, од страна на полициски службеници биле преземени мерки и активности при што било утврдено дека З.С. кривичното дело го сторил на тој начин што во издадените испратници од правното лице за подигната роба од страна на вработените во училиштето, после ставените потписи, допишувал количини на неподигнати материјали кои потоа ги вклучувал во издадените фактури кои му биле исплатени.

Ф.И кривичното дело го сторила на тој начин што со пропуштање на должниот надзор без да ги провери наведените количини во фактурите издавала налог за нивна исплата со што му овозможила на првопријавениот да се стекне со противправна имотна корист.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »