речник контакт

Лани во Велес собрани 8,3 тони е-отпад

Домаќинствата оставиле 1,9 тони. Од институциите шампион е економското училиште со најмногу собран е-отпад

Петар Печков

Според бројките добиени од ЈКП Дервен, миантата гдоина на територијата на Општина  Велес, комуналците собрале 8.348 кг кг електронски и електричен отпад.   

Од оваа количина, 1.890кг биле собрани во текот на ноемвриската акција за собирање на електричен и електронски отпад од домаќинствата. Останатите 6.458 кг се  собрани во текот на 2017 година од правни лица, институции,  по јавување од нивна страна.

Најмногу е -отпад има собрано од Средното Економско училиште ,,Јовче Тесличков,, , за што доби признание и од локалната власт.  Но зачудува што лани има собрано помало количество на е-отпад отколку во 2016-тата кога дервенци забележиле 9 тони. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »