речник контакт

Лани на ТрМр 1.618.721 прочитани текста

Статистиката вели дека лани ТРМР го читале 283.949 посетител. Настаните кои ја одбележаа ланската година младите велешани-автори на про-Трамп порталите, посетата на фудбалерот Кавани вреден 60 милини евра, коцнертот на Јоксимовиќ

Петар Печков

Годинава  што измина Велес го потресоа про-трамп сајтовите кои работеа за американскиот пазар ама младите од градот најдоа начин за  лесна заработувачка, потоа посетата на 60 милиони евра скапиот фудбалер на ПСЖ Уругваецот Кавани кој од толку места на планетата дојде во   Велес на лов  и гостувањето на  Балканската поп ѕвезда Жељко Јоксимовиќ на Питијадата.  

Тирековмирече пишуваше за ова но и за други настани кои беа дел од живеењето во градот, култура, спорт, економија, екологија, црна хроника, животни приказни.   ТрМр имаше  интервјуа со  велешани кои се докажале во светот: Шурбевски  кој е доцент на Универзитетот во Кјото, Јапонија, Ангела Арсова докторски кандидат во Копенхаген.

ТрМр откри дека двојникот  на Слободан Богоевски од Велес  беше по грешка лустриран. За Велигден  семејството Давчевски од Велес доби куќа, откако претходно се им изгоре до темел.  Ги открив за  пошироката јавност мостовите на Врановска река и Тополка, ги покажавме амурите капиталци уловени на реката Вардар и езеро Младост,  за велешанката Јагода која е единствен моден креатор која користи цветови,  најстариот возач Томе Смилевски кој вози на 86 години...   

Бројките најдобро зборуваат за работата. Статистиката  вели дека лани ТРМР  го читале  283.949 наспроти 253.162 посетители година претходно или пораст од 12,16% . Тие отвориле 908.578  пати наспроти претходните  778.793 пати што е 16,66% повеќе.

Или овие читатели  прочитале   1.618.721 текст  што е  повеќе од 17,87 отколку во 2015-тататта кога имало прочитани  1.373.351 текст. Просечно секој од Вас се задржувал  на порталот 1 мин. и 13 сек. Според возраста ТрМр најмногу го читаат посетители на возраст од  25 до 34 год со 32%, па возрасна група од 35 до 44 год со 28 %, од 18 до 24 год има  18%, од 45 до 54 има 16%. Останатите се на  возраст до 18 и над 65 години.

Порталот го читаат повеќе жени со 52% наспроти 48 отсто мажи.  И податокот дека разбирливо најмногу посетители се од Македонија 87%, потоа следат Германија, Италија, САД, Велика Британија, Канада, Шведска, Австрија, Словенија... На порталот можевте да прочитате 1.141 вест од кои само 49 не беа авторски или преземени од други извори.  Или дури 4,3% од вестите беа од други автори –ова за креативноста.   

Најчитани се  железничкиот возен ред, автобускиот возен ред ,па црната хроника и дежурствата на аптеките. Овие сервисни информации  ТрМр ги нуди бесплатно без надомест од службите а во интерес на граѓаните, кои очигледно им требаат и ги бараат.  

Еве како изгледа листата на 10-те најчитани вести за 2016-та 

1  Акција ,,Лотос,, фаќаше продавачи на дрога низ Велес

2. Убиство на Којник 

3. Велешките доброволци први на помош во Скопје

4.,, Којотот,, уапси велешани, меѓу нив и полицајци

5. Со автомобил порше слетале во двор, на влезот од Велес

6. Запалени два автомобили кај Св. Кирил и Методиј

7. За велешката легенда Љубе Џипунот

8. Такси возач загина по удар во камион во Велес

9. Матурско запросување во Велес

10. Рекордна пастрмалија во Велес, концерт на Жељко

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »