речник контакт

Лани собрани 4219 крвни единици

Дури 610 лица за прв пат дале крв. Дарителите од велешко и натаму големи хуманисти. Се повеќе млади крводарители

Петар Печков

 Минатата година велешките крводарители дале 4219 крвни единици, со што планот го исполниле за 227 отсто. Со оваа бројка тие се во врвот во Македонија.   Со републичкиот план предвидено било  во 2014-та  Општинската организација на Црвениот крст од Велес да собере 1861 шише.  Овие крвни единици се собрани од крводарители и од општините Градско и Чашка.  Споредбено со 2013-тата лани биле собрани 149 повеќе.

Од вкупниот број на лица што дарувале крв 684 се жени, додека лани за прв пат крв дарувале 610 лица. Од овие  бројки  се задоволни од велешкиот Црвен Крст, оти високиот одѕив и  традицијата на хуманост на дарителите од општината  продолжува.   Од собраните крвни единици 1353 се во 34 акции, додека повеќето, 2866 се од дарители кои самоиницијативно отишле во Одделението за трансфузиона медицина, каде ја дарувале скапоцената течност.

 Во Велес рекордно се собрани најмногу крвни единици во 2011-тата, 4335.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »