речник контакт

Лани шестмина заболени од туберколоза во велешко

24 март Светски ден на борбата со туберколозата

Петар Печков

Бројката на заболени од туберколоза во велешко во 2018-та  е идентична како таа и од 2017-тата. ова го покажуваат бројките на АТ Диспанзерот во Велес. Тој го покрива подрачјето и на Овче Поле и Тиквешијата.  Годинешново мото е ,,Време е за акција, за крај на туберколозата,,. 

 Туберколозата се уште постои, и на овој ден  ја потсетуваме јавноста на болеста и како луѓето да се превенираат од неа и се бориме да ја нема.  Лани на подрачјето на АТ Диспанзер Велес имало чест заболени колку што имаше и година дена претходно. Тројца биле мажи и три биле жени и сите имале белодробна туберколоза. Старосната граница е од 14 до 65 години - изјави д-р Анета Ковачки пнеоумофизиолог.   

Лани на ниво на Македонија имало 217 заболени од  туберколоза и  последните десетина години бројот на заболени опаѓа. Од нив 13 лица починале.  Од вкупниот број 165 биле од белодробна туберколоза  - најчесто воден плевлит  а 52 вон белодробна.  Бројот на заболени мажи бил  142 мажи и 75 жени. Бактериолошка потврденост  кај заболени од белодробна  туберколоза била 88 отсто а кај вон белодробната  туберколоза микробиолошката потврденост била  17%.  Вкупно микробиолошки биле потврдени 71 отсто. Лани биле заболени 12 деца, што е за две повеќе од година дена претходно.

Заштита од бруцелозата е вакцинација уште од детската возраст.   Потоа добри услови за живеење, подигање на свеста за здравствена култура, често проветрување на просториите каде живеат, движење во природа, да спортуваат, да се хранат здраво, брзата храна да ја остават, да немаат контакт со болни. Повисока лична хигиена, култура на живеење - кажа д-р Ковачки. 

Извор на зараза е болен човек, и таа се пренесува преку кашлање,  зборување, кивање, смеејќи се, се пренесува преку воздух. Болниот исфрла илјадници бактерии од себе а луѓето  околу него ги вдишуваат. Не заболуваат сите, заболуваат тие што имаат намалена  отпорност, и намален имунитет или прележале посилна вирусна инфекција, нешто што им ја намалило отпорноста.    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »