речник контакт

Лов на антички богатства и злато во Египет

Египетската револуција донесе златно доба за ископувачи на гробови

Петар Печков

Египетската револуција не донесе само политички вознес, туку и лукративни можности за нелегалните копачи, кои тргнаа во лов на антички богатства и злато.

Постои цинична анегдотна фама меѓу луѓето кои живеат во близина на Големите пирамиди во Гиза, дека по револуцијата таму се појавиле големи дупки во земјата.

Нашата инспекција брзо откри за што тие зборуваат.

Близу границата со пустината, и веднаш до мала ископина во камењата додека во далечина се надзираат пирамидите, отривме голема, навечер ископана вертикална дупка. Беше најмалку метар и половина во дијаметар, и не можевме да и го видиме дното. Фрливме камен во неа и чекавме оддек, што не наведе да заклучиме дека е длабока.

Недалеку имаше уште еден тунел - овој пат со благо проширување, па можевме да влеземе во него.

Додека одевме напред кон длабочината, можевме да видиме траги од алати кои биле користени за да се дупчи во каменот, пред тунелот нагло да се спушти во земјата.

„Јасно е дека луѓето копаат за да најдат археолошки богаства“, вели д-р Осама ал Шими, археолог одговорен за оваа локација.

„Луѓето кои копаат сонуваат дека ќе најдат злато и дека набрзина ќе се збогатат“, рече тој.

Но д-р ал Шими рече и дека често е опасно да им се спротивставите на овие луѓе, затоа што тие имаат и оружје.

Месечав предел

Нелегалното копање не се случува само во Гиза.

Всушност, на час возење од Каиро, во Дахшур - блиску до местото со познатата пирамида Бент на фараонот Снеферу - областа изгледа како месечев предел со кратери, заради концентрацијата на дупки кои биле ископани.

Луѓе со пушки исто напаѓале и магацини во други места во близина, во Сакара и Абусир.

Таму има антиквитети од тековните ископувања, но затоа што тие се уште не се регистрирани и се уште се проучуваат, никој не знае точно колку предмети биле украдени во овие грабежи.

Нашата истрага на оваа тема не одведе во јужен Египет, во Луксор, кој некогаш бил голем антички главен град, познат како Теба.

Тука, во близина на Долината на кралевите и блиску до многуте восхитувачки гробници, земјата е пребогата со археолошки богатства.

Но последните две години, полицијата е преокупирана со се почестите случаи на луѓе кои копаат тунели во потрага по антиквитети. Безбедносните сили ни покажаа неверојатна видео снимка која ја направиле во бескрајните мрежи од тунели кои таму биле откриени.

Во Луксор, копачањето на тунели често започнува на подрачја блиску до античките локации, па дури и во околните куќи, за нивното окривање да биде потешко.

„Нелегални ископувања отсекогаш постоеле, но се зголемија по револуцијата“, вели Бриг Хосни Хусеин, шеф на полицијата за туризам и антиквитети во Луксор. „Тие мислат дека тука нема обезбедување“.

Но шефот на полицијата не го смета ова за голем проблем, и ја отфрла можноста дека можеби сеуште има многу неоткриени тунели.

Тој исто така потенцира дека сето она што досега било украдено, било вратено.

„Знаеме што се случува“, вели Бриг Хусеин. „И со задоволство можам да ви кажам дека на крајот, заради нашата работа, ништо не е украдено било каде во земјата“.

За несреќа, не е баш така. А и не е тешко да се докаже тоа.

Несанкционираните ископувања и трговијата со анички артефакти во Египет е нелегално. Како резултат на тоа, во Каиро постојат многу пазари на црно со трговци на антиквитети.

Еден локален колега новинар отиде да се сретне со многу познат трговец, и се претставил како посредник на некој британски купувач, кој бил експерт по египтологија.

Трговецот му поверувал и му покажал куп со артефакти стари повеќе од 3.000 години, со потекло од Средното египетски кралство.

Повеќето од нив биле статуи на слуги, кои често биле наоѓани во гробовите.

Дилерот рекол се додека не го снимаат неговото лице, антиквитетите можат да бидат снимени.

Тој рекол дека на следна средба може да донесе археолог кој може да ги потврди парчињата, и дека почетната цена за целата колекција била само 5,000 долари.

Се разбира дека ограбувањата на гробниците трае со векови, но Кент Викс, професор по египтологија на Американскиот универзитет во Каиро, вели дека во изминатите две години е сведок на драматичен пораст на овој вид на криминал.

„По револуцијата и падот на способноста на централната влада да ги контролира археолошките локации, излегува дека ова станало поголем проблем од било кога претходно“, рече тој.

Оштетување на наследството

Професорот Викс верува дека ова се случува делумно заради економски причини.

Во измината деценија, Египќаните го сфатија финансискиот поенцијал на археолошките откритија, смета тој. И по револуцијата, полицијата не може ништо многу ефикасно да стори.

Падот на законот и безбедноста е очигледен низ целата земја, а безбедносните сили ја загубија довербата и стравот кај народот, кои ги имаа пред настаните од 2011 година.

Професорот Викс верува дека во таквата ситуација се прави неповратна штета по египетското наследтсво, а воедно и на светкото наследство.

„Украдени се можеби илјадници предмети. Едноставно не знаеме колку“, вели тој.

„Тие предмети ќе бидат зачувани и заштитени од крадците, затоа што тие прават пари од нив, но исто така и од колекционерите кои ги сакаат во нивните колекции. И така предетите ќе бидат безбедни“.

Но професорот Викс вели и дека она што недостасува е археолошкиот и исторксот контекст на овие артефакти - за кои верува дека е уште повреден отколку самите предмети.

„Од каде тие предмети дошле? Кој гроб бил откриен? Со кои други предмети биле? Тоа е онаа информација која целосно и засекогаш е загубена, во мигот кога предметот е украден“.

Луѓето кои живеат во близина на пирамидите во Гиза, ни рекоа дека постојано се појавуваат нови тунели, и дека понекогаш гледаат и камиони како се паркираат близу до влезовите на тунелите во пустината.

И покрај уверувањето од егпетскте власти дека вооружени чувари ги надгледуваат локациите и обезбедуваат да не се случуваат нови нелегални исполувања, не видовме доказ за овие тврдења.

 текстот е преземен од Би-Би-Си

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »