речник контакт

Македонија нема свој национален стрип јунак

Отворен 12-тиот Стрип салон во Велес, доделни наградите

Петар Печков

Вечерва со доделувањето на наградите во Ликовниот салон  отворен е 12-тиот Меѓународен стрип салон во Велес. Пред бројните присутни  беа врачени  наградата за развој и афирмација на стрипот ,,Љупчо Филипов,, на стрип -книжарницата „Бункер“ од Скопје, а специјалното признание за развој на стрипот во светот на Ервин Рустемагиќ. 

Присутните  имаат што да видат, што да научат на овој стрип салон.  Да видат што светот гледа и чита, што е актуелно.  За жал во Македонија се`уште немаме оформено свој национален стрип јунак. Мораме да создадеме свој автентичен лик. Го имавме Итер Пејо, но тој исчезна, го снема . Имаше обиди со Крале Марко, но тој  е Балкански јунак. Треба заедно со Министерството за култура да работиме ,да се истрае на тој пат,  да  имаме  препознатлив  стрип јунак пред светот – рече Ване Трајков организатор на манифестацијата.

Светски продуцент  на стрипови Ервин Рустемагиќ роден Сарајлија кој живе и работи во Словенија е  42 години во оваа работа - продукција на стрипови од  околу 400 автори,. Стриповите кои тој ги продуцира кои се продаваат по цел свет

За жал денес стрипот се чита, но не толку  многу. Тренд секаде во светот. Јас сум од постарата генерација, кога како деца го читавме на училиште под клупа, додека професорот држеше предавање. Децата денес ги интересира електрониката, информатиката  Дојде  до смена на генерациите. Децата немаат време да читаат од интернет. За илустрација, стрип јунакот ,,Џеремаја,,  кој го дистрибуирам по светот  до 90-тие во Данска и Германија се продаваше по 7 односно 22 илјада примероци, денес се продава во 800 и  три илјади примероци во овие две земји. Ете толкав е интересот – рече Рустемагиќ. 

Тој на Салонот го продаваше неговото дело  ,,Професионални тајни на стрипот,, а собраните средства беа за хуманитарна цел Наградата за развој и афирмација на стрипот, ја доби книжарницата ,,Бункер,, од Скопје, сопственост на   Јован и Владимир Битољану. Тие беа пресреќни што ја добиваат ова награда.

Ова се тешки времиња за стрипот. Младите ги интересира нешто друго. До 90-тие тогашна Југославија по стрип издаваштвото беше меѓу првите пет во Европа, сега состојбата  е драстично различна.  Ова што го работиме, го работиме од ќеиф и љубов и ни чини задоволство. За жал повеќето наши посетители се  луѓе кои некогаш читале стрип, малку имаме нов  млад потенцијал  - вели Владимир Битољану.

Во ,,Бункер,, меѓу купувачите  доминантни биле и најголем интерес владеело за т.н. Бонели – италијанска школа, ликовите на Загор, Командант Марк, Дилан Дог, Мартин Мистерија, Мистер Но. Министерството за култура пак  најавува дека ќе продолжи да ја помага македонската стрип сцена.

Последните неколку години македонскиот стрип доживеа вистинска експанзија, на  квалитетни дела  од домашни автори. За тоа се доказ бројните аплицирани и одобрени  проекти од годишните програми. Бројката десеткратно зголемена  последните години – рече  Снежана Ристовска  државен секретар за дејности од областа на културата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »