речник контакт

Максимална победа на ОК Борец во борба за пласман во разигрувањето

ОК БОРЕЦ - ОК ЛИРИЈА 3:0

Петар Печков

Екипата  на ГОК Борец забележа значајна победа во натпреварот од 8-то коло од Првата лига на одбојкарското првенство на Македонија.

Велешани го искористија домашниот терен против Лирија и со петтата победа сезонава направија чекор кон пласман во Втората фаза-1 во којшто ќе играат најдобрите шест од есенскиот дел.

Тие вчера попладне во салата Гемиџии, славеа со максимални  3:0 (25:11, 25:18, 25:17). Ова беше натпревар на две екипи со идентичен скор од по 4 победи и два порази.

По ова коло велешани се на делба на третото место со екипата на ОК Весна од Пробиштип со по 12 бода.

Во следното коло, нов значен натпревар за велешани но и домашните ОК Универзитет Гоце Делчев во Штип, домаќините за приклучок и борба за првите шест места, велешани да им избегаат на противниците во борбата за оваа позиција.    

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »