речник контакт

Малолетник живеел во вонбрачна заедница со малолетничка, која останала бремена од него

По целосно расчистување и документирање на случајот полицијата ќе поднесе соодветна пријава

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, во Полициска станица Велес извршен бил службен разговор со малолетник, кој живеел во вонбрачна заедница со малолетничка, која останала бремена од него

„На 28 јануари  во СВР Велес, во присуство на родител, бил извршен службен разговор со малолетник од велешко село. Според пријавеното, тој живеел во вонбрачна заедница со малолетничка од велешко село и извршил обљуба врз неа, по што останала бремена“ - соопшти Биљана  Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »