речник контакт

Мајмунчето @ и неговото име во Европските земји

Еден од најпопуларните знаци на светот има многу различни називи, посебно во Европа. Преглед на различните имиња кои се користат за нашето „мајмунче“ (@)

Петар Печков

Знакот кој го користиме речиси секојдневно во Албанија се нарекува „полжав“. Од друга страна, во Данска и Шведска тој се преведува како „слонова сурла“, во Грција и на Кипар називот за него е „патка“, а во Унгарија е „црв“. 

Вообичаениот назив кој го користиме и ние, „мајмунче“ или „ет“ се користи во Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Естонија, Финска, Германија, Ирска, Италија и многу други. Во овие земји начесто со тој назив доаѓа уште некој. Така, во Австрија знакот се нарекува „мајмун-пајак“, а во Белгија, Германија и Луксембург „мајмунско опавче“. Во Финска се нарекува и „мачкино опавче“. 

Во Словачка знакот се нарекува „вртена харинга“, а во Русија „пес“. „Полжавот“ е присутен и во Италија, Белорусија и Украина, освен Албанија. Називот „лудо А“ се користи во Србија, Црна Гора, а понекогаш и во Босна и Херцеговина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »