речник контакт

Министерството за животна средина даде зелено светло за Топилница не на постојната локација

На велешани им остана да се одработи само уште урабнистичкиот дел од постапката за пренамена на ГУП со кој наместо Топилница таму треба да има зелени површини

Петар Печков

Министерството за животна средина даде позитивно мислење  на документот на Општина Велес  со кој се предвидува  на местото каде сега е Топилница да има зелен појас. Ова е дел од постапката за промената на Генералниот Урбанистички план, преку која се предвидува  на тој простор да има 42 хектари шума и зелени површини. Од локалната власт велат дека има уште  работа  и документи, додека се заврши целата постапка.

Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Изменување и дополнување на ГУП  за град Велес каде сега е Топилница плански период 2012-2022 година,  од страна на Министерството доби позитивна оценка и е прифатен. Со ова „еколошкиот” дел од постапката е завршен. Во однос на „урбанистичкиот” дел од постапката, Советот на Општина Велес на седницата одржана на 14-ти февруари донесе Одлука за утврдување на Нацрт – планот. Во периодот кој следи активностите ќе бидат насочени кон спроведување на законските одредби согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање до конечно усвојување на планот – изјавија од Општина Велес.   

 Во писмениот одговор од Министерството за животна средина кое го доставило до локалната власт  на Велес пишува дека немаат забелешки на документот и бараат негова доследна примена.

Извештајот за  стратегиска оценка на влијанието, ги содржи аспектите за заштита на животната средина, како и економските и социјални прашања во планирањето и имплементирањето на планот. Има и преглед на регулаторната рамка и процедури кои ќе служат за проценка на влијанието врз животната средина.    Утврдени се и мерките за заштита, намалување и неутрализација на негативните влијанија, како и план за мониторинг на животната средина – се вели до документот потпишан од министерот Абдулаќим Адеми.   

 Истовремено и Метрудхем ја води постапката за отворање на комбинатот, за што и тие имаат добиено позитивно мислење.  Пред една година кога започна ова активност, и на двете страни Општината и Метрудхем напоредно ги водат нивните битки за остварување на своите цели. Едните да се спречи да проработи  а другите Метрудхем да  започне да работи.  Тогаш во Велес се одржа трибина, на неа тогашниот републички инспектор за животна средина Филип Иванов пред присутните рече:

Клучен елемент   е доколку се изврши пренамена на локацијата каде сега се наоѓа Топилницата,  натамошната  постапка е беспредметна.   Процедурата за  изградба на тешка индустрија ќе биде оневозможена, бидејќи локалните власти предвидуваат со новиот план таа да биде наменета за  друго – рече во таа пригода Иванов.

По препорака на Министерството за здравство се напушти идејата таму да има лесна индустрија, туку единствено и само зелен појас на површина од 42 хектари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »