речник контакт

Мирчевски и Небиовски на ЕП во кајак во Прага

Тие ќе возат слалом во К-1, на патеката Троја. Тренер на репрезентацијата е исто така велешанец Роберт Папазов

Петар Печков

Двајца велешани, се членови на репрезентацијата на Македонија во кајак на Европското првенство во слалом, кое ќе се одржи од 31 мај до 3-ти јуни. Се вози на патеката Троја близу Прага, Чешка. Македонската селекција ја сочинуваат кајакарите Борче Мирчевски и Енис Небиовски.

Тие ќе возат  слалом во К-1.  Квалификациите  се на програмата во петок, кога ќе се возат двете елиминациони  трки, полуфиналето на 20-те најдобри е во сабота а финалето каде учествуваат 10-те со најдобри времиња е во недела претпладне. 

Тренер на репрезентацијата е Роберт Папазов. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »