Петар Печков
Објавено: четврток, 24 септември 2015
На ултра маратонот кој викендов се одржа во Белград, Србија, велешкиот атлетичар Трајче Михов беше најбрз на патеката која се трчаше 12 часа.
Тој за овој период истрча 115.7km со што стана победник на маратонот за ,,самопреживување,, како што стои во насловот. На трката учествувале 37 натпреварувачи, од Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија, од кои 12 биле жени.
На него се трчало и 6 и 24 часа а Михов на истиот минатата година победи во трчање за 24 часа, при што истрча 222км. Михов е член на АК Велес од Велес.
Tweet |