речник контакт

Млади мотористи без заштитна кацига

Младите велешани повеќе размислуваат за својот имиџ, отколку за својот живот. На прашањето зошто на носат кацига, одговорот беше ќе ми се расипе фризурата, во багажникот чувам мантил нема место за заштитен шлем

Петар Печков

Младите велешани повеќе размислуваат за својот имиџ, отколку за својот живот .Ќе ми се расипе фризурата, мала ми е ташната,  под седиштето чувам мантил а не кацига. Ова се одговорите кои ги даваа младите во контролна акција за безбедноста во сообраќајот, спроведена од СВР Велес, заедно со мото клубот  ,,Носачи на крстот,,.. Прашањето кое им беше поставувано на сите,  беше дали носат кациги за на мотор.  Младите во најголем број случаи  не носеа заштитни кациги на моторите.

Еве излегувам со друштво, на  по едно кафе, муабет. Ако ја ставам кацигата ќе ми се расипе фризурата што ја направив за оваа пригода, многу лошо ми изгледа косата – вели велешанец.

Тој и неговите врсници заборават дека кацигата е законска обврска но и самозаштита за нив лично. Мотото на мото клубот Носачи на крстот е  ,,Носи кацига, биди безбеден,,.

Не ја носам возачката оти имам нова ташна, која е мала и не ја собира. Под седиштето немам кацига оти таму ми стои мантилот – ова беше одговорот на девојка, која сакаше да биде топ и во тренд  кога ќе се сретна со друштвото. 

Сите тие имаа оправдување повеќе  за себе, зошто не го носеле заштитниот шлем.  Одговорот едноставен затоа што не возеле брзо. Сите контролирани учесници имаа обврска да пополнат прашалник, зошто не носеа кацига. Велес според бројот на жители и регистрирани мотори и мопеди е во врвот на земјава.

И најмалата, минимална брзина при пад од мотор значи повреда. Сообраќајните незгоди никој не може да ги предвиди. Заштитниот шлем значи и поголема безбедност за возачите. Превентивните акции  како оваа во пракса  се покажуваат поефектни отколку пишувањето казни. Брзото возење, возење и разговарање преку мобилен се опасни ситуации – вели Тодор Атанасов од сообраќајната полиција при СВР Велес. 

Со доаѓањето на пролетта е зачестена употребата на моторите во градот. Пред десетина дена  невнимателното возење ја зема  и првата жртва, падна моторист  29 годишен велешанец, кој не носел заштитен шлем и почина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »