речник контакт

Младите велешки кајакари возеа Европски куп во кајак

Игнатов, Миланов и Златаров возеа во Словенија а деновиве продолжуваат во Австрија и Германија

Петар Печков

Викендов на патеката Солкан Словенија  се возеше кајак натпреварување од Европскиот куп, каде возеа тројца велешани, во младинските  категории.  Се возеше две трки во саботата и неделата.  

Во саботата Христијан Игнатов   од ККК Бабуна  во елиминациите беше  22 од 65 натпреварувачи  а    31 во финалето.   Неделата  беше  24-ти  од  65 , додека во финалето беше   18-ти  од 30. Тој возеше трка  за учесници на возраст  до 16  години.

Виктор Миланов  кој вози за ККК Илинден од Скопје,   беше 29-ти од 43 во елиминациите а во финалето   31-ви.           Во неделата  беше     25-ти од  43 во елиминациите      а во финалето  21-ви  од 30. Тој возеше за кајакари на возраст  до 18 години.

Александар Златаров кој исто така вози за скопски  ККК Илинден во елиминациите беше  14-ти  и  17-ти во двете возења, двата дена и  не влезе во финалето.

Овие тројца кајакари среда возат на трка до Европскиот куп за кајакари во Австрија, додека викендов возат на завршницата во Германија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »