речник контакт

Му се слошило, паднал и починал, женско лице пришло и му ги украло парите од џебовите

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, ќе се истражуваат причините за смртта

Петар Печков

Денес петок претпладне, на нов мост, се случил инцидент, кога минувач  кој бил пред дуќаните од левата страна на мостот, ненадејно паднал и починал. Откако паднал пришла девојка, жена која му ги испразнила џебовите и паричникот .

„На 1 март во 10.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Велес бил пронајден починат Т.Ѓ.(53 год) од Велес. Според пријавеното, откако паднал до него се доближило женско лице, кое му одзело пари, по што го напуштила местото“ - соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

При падот лицето скршило и стакло од дуќаните.  На лице место била екипа на Итната помош,.

„По примен повик екипата била на лице место и доктор констатирал смрт а немало  видливи траги на насилство“ - соопшти д-р Василка Пановска, началник на службата за Итна помош.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »