речник контакт

Мушичка, по 50-ти пат

Вечерва(сабота) во велешкиот театар ќе биде изведена по 50-ти пат претставата ,,Мушичка,,

Петар Печков

Хит комедијата  која на репертоарот на велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,  се наоѓа без малку три години, во сабота вечер ќе биде прикажана по 50-ти пат. Претстава за која се бара карта повеќе и секогаш има голем интерес.

 Во град од 45 илјади жители, да се одржи  и игра претстава 50 пати тоа е мал подвиг. Целната група гледачи е ограничена, но и покрај тоа ние успеавме да играме три години. Современата актуелизација ги носи луѓето во  публиката, и полни салата и тие се забавуваат.   Дел од публиката доаѓаат да ја гледаат по неколку пати. И очекуваме дека ќе се игра уште долго и ќе биде најгледаната претстава на велешкиот театар – рече Јордан Витанов дел од актерската екипа и директор на театарот.

 Морам да кажам дека сум била на многу театарски претстави кој се со страшна реклама ,,урнебесна комедија,, а на кои едвај три пати кисело ќе се насмеам. Ова а претстава е навистина урнебесна комедија. Претставата е како виното, колку е постара толку е подобра. Најтешки се премиерите, тогаш  ние актерите  за прв пат се сретнуваме со публиката и нејзината реакција. – вели актерката Зорица Панчиќ. 

Последна претстава која  долги години беше  на репертоарот на ,,Џинот,, и се играше повеќе од 50 пати  е,,Стрип Шекспир,, која иако три години од театарот ја најавуваат дека ќе се врати на сцената, тоа не се случува и се одлага за некоја следна пригода.

,,Мушички,, е ренесансна комедија напишана од  Анџело Беолко Руцанте , чија премира беше на 13 февруари 2009-та година. Претставата е играна во Албанија, Хрватска, на фестивалот Скопско лето, на театарскиот фестивал во Виница, а ќе гостува на 15 и 22 ноември во Драмски театар во Скопје. Сите влезници ќе бидат пуштени во продажба, па дури и самите актери ќе ги платат.

Улоги : Зоран Љутков, Јордан Витанов , Зорица П. Панчиќ , Едмонд Сотир , Слободанка Чичевска, Кирил Гравчев и како музичари  Јован Рибарски  и Димитар Глушков. Режисер е Никола Ристов.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »