речник контакт

На лимонада и слатки кај Јефтиќ

Благој Хаџи Ристов во два мандати работел на Кралскиот двор во Белград како слаткар. За пречекот на Новата 1968 за Свилара подготвил 70 торти за два дена ,кои биле пренесени со два автобуси

Петар Печков

    За велешани името на Јефтиќ е синоним за лимонада, за постарите за слатки. Неговата лимонадџилница во центарот на Велес половина година, во топлите месеци беше врталиште, собиралиште на жителите, за освежување со лимонадата на Јефтиќ.  Но постарите помнат и дека Јефтиќ бил прочуен слаткар. неговите блага биле често на масите на велешани. Повеќето Јефтиќ го знаат под ова има, малкумина дека вистинското му е Благој Хаџи Ристов. Тој бил толку добар мајстор, што работел по Балканот,  Софија, Загреб, Риека, Кавала а во Белград и во Кралскиот двор, кај крал Александар Караѓорѓевиќ.

Татко ми Благој работел кај кралот Александар, како слаткар и тоа два мандати. Сите од безбедносни причини работеле по 3 години, но бидејќи кралот и блиските биле воодушевени од неговите слатки, му дале можност да работи уште еден мандат. По атентатот и смртта на Алаксандар, Благој заминува од Кралскиот двор од Белград.  Патот го продолжува по Хрватска  Загреб, Сисак, Риека, па  Матарушка бања во ексклузивни слаткарници. Од времето кога престојувал во Белград, му е останат прекарот Јефтиќ.  Во тоа време во Собранието на Југославија имало пратеник Јефтиќ,а татко ми наликувал на него и по ликот и по духот, тој беше голем шегаџија и почнале да ги викаат Јефтиќ. Така остана до крајот на животот Јефтиќ, сите велешани така го знаеја - објаснува неговата ќерка  Гордана  Кимова .

Татко и е роден 1910-тата година и претходно во неговата фамилија немало некој  што се бавел со ваква работа. Благој занаетот почнал да го учи кај  семејството Чкоркови. Во Софија го усовршил, продолжил во Белград, па Хрватска. Откако се вратил во Велес  продолжил да работи со  Тодор Чкорков, тоа е дедото на  Гордана по нејзината мајка Пандора. Така сакало судбината да се запознае со мајка  и,  како ортак и со Пандорка да се земат подоцна.  Благој менувал повеќе дуќани ама сите во центарот на Велес. 

Татко ми работеше со Копандан, познат трговец и отворија слаткарница во Грција во Кавала. Тоа беше пред Втората Светска војна. По враќањето крајот на 30-тите, тој му  отстапува простор близу до денешниот хотел Интернационал, поранешна Планика каде беше. Слаткарницата се викала Елита.  По војната добива дуќан на местото од денешна Стоковна, тогаш до заградата на Општина. По градењето на НА-МА се сели карши, каде остана се до 2010-та кога затворивме. По војната дуќанот се вика Јефтиќ. Се додека ја држеше слаткарницата, не продаваше лимонада, само сладолед и боза.  - вели Гордана.  

Интересно е што татко и како деца многу живееле со Петре Прличко, учеле во исто школо, Св. Кирил и другарувале. Биле со ист темперамент, и двајцата шегобијни. Се додека татко и Благој бил жив, 1982-ра  ги одржувале односите и Прличко при секое доаѓање во Велес,  одел задолжително на лимонада кај нив.  Се до 68-ма Благој,  работел како  слаткар потоа се префрлил на лимонада.  

Во 60-тите години, како познат слаткар, правеше многу слатки за пречекот на Нова година и тоа  за Свилара за Порцеланка,  ги правеше тортите  за кафената Атина каде потоа беше библиотеката потоа, во кафеана Македонија. Така за дочекот на 1967-ма како награда за пречекот во кафена Атина го направи како торта Градскиот саат, во голема фигура, тоа беше чудо едно. Следната година, се сеќавам дека му беше последна и правеше тори за Свилара дури 70 заа пречекот на Нова година. Дојдоа два автобуси да ги земат, цела фамилија ги носевме внатре. И сам ги правеше во работилницата, со јајца, брашно, немаше вештачки филови. Не бркаше,  не не пушташе внатре во работилницата, бегајте ќе ви падне влакно, ќе направите беља. Од толку работа, тогаш  му се слоши и ја заврши слаткарската работа. Од 1968-та повеќе не подготвуваше, освен за дома и домашни радости.  Рече торти не  правам  Од 70-та се преориентира на сладолед и лимонада. продолжи мајка ми  Пандора, потоа јас и сопругот Трајче  - вели Кимова.  

На времето кога немало фрижидери,за да се сочува  сладоледот, бозата, купувале калапи  мраз од скопска пивара а   екстрактите за сладолед и лимонада биле врвен квалитет   од Етол Цеље, се од таму купувал. Целиот инвентар од слаткарката, лимонадата  машините завршиле како старо железо во отпад. Ама затоа приказната за Јефтиќ и покрај тоа што лимонада не се продава, продолжува да живее меѓу велешани. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »