речник контакт

На 30 јуни пред полноќ минутата подолга за една секунда

Процедурата со која се додава една секунда е за да се ускаладат двете временски скали природната и атомската

Петар Печков

Нерамномерната ротација   на Земјата е причина што последната минута на 30-ти јуни годинава, ќе трае 61 секунда. Процедурата со која се додава една секунда е за да се усогласат двете временски скали природната и атомската.

Во сите земји на светот ноќата помеѓу 30-ти  јуни и 1-ви јули во координирана временска акција преку УТЦ, минутата помеѓу  23:59 и 00:00 часот ќе трае една секунда  повеќе од вообичаеното.  Иако луѓето, обичните смртници овој вишок  на секунда  нема ни да го   забележат, големите системи и големите комјутерски мрежи ќе имаат сериозна задача. 

Со додавањето на оваа секунда се усогласуваат двете времеснки скали, Универзалното време УТ засновано на ротацијата на Земјата и нејзината положба во однос на вселенските тела и Меѓународното атомско време ТАИ востановено од 1971 година.  

Кога 1972-та година со меѓународна конвенција е востановено Универзалното кооридинирано време, договорено е разликата меѓу овие две временски скали да не може да биде поголема од 0,9 секунди. 

Од таа 1972-ра до сега додадени се 26 секунди, последен пат во јуни 2012-та, пред тоа во јуни 2008-та...

 Земјата додека се врти, малку и шета, за разлика од атомските часовници кои се смртно дисциплинирани и точни- велат научниците.

Долгорочно поради влијанието на гравитацијата  од Сонцето и Месечината, кои влијаат на плимата и осеката, ,,Сината планета,, - Земјата  има тенденција да го успори своето движење. Таа исто така е осетлива и на атмосферските движења, на промената на ледениот покривач, на земјотресите па така еден ден не трае точно 24 часа. 

Планетата Земја и требат нешто повеќе од  86.400 секунди за револуција од 360 степени, или да  заврти еден круг околу себе, својата оска. За разлика од  неа, атомските часовници се мошне точни и до нивен расчекор меѓу себе може да дојде дури по 300 милиони години. Моментално повеќе од 400 атомски часовници во светот овозможуваат да се смета Универзалното координирано време. 

Но ова предизвикува научни  разијдувања. Франција и САД се противат на додавањето на оваа секунда, додека Велика Британија се залага за нејзино задржување. 

На меѓународна дебата следната година, на научно ниво ќе се реши дали оваа секунда ќе остане или ќе се укине. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »