речник контакт

На високиот дел од градот од левата страна им се заканува редукција на вода

Причина зголемената потрошувачка на вода, поради постојаното течење на чешмите. Водта се троши повеќе од лето.

Петар Печков

 Од ЈКП Дервен ги повикуваат граѓаните од високите зони на левата страна на Велес да почнат рационално да ја трошат водата. Во овој дел е регистрирана зголемена потрошувачка на вода,  и не се работи за дефект на водоводната мрежа. Постојат индиции дека во последнава седмица граѓаните од овој дел на градот ја оставаат водата од чешмите постојано да тече со цел да не замрзне водоводната инсталација во нивните домови.

Тоа доведе до рекордна потрошувачка на вода од 27л/секунда наспроти 16л/секунда колку што граѓаните трошеа пред само една седмица. Ова пак доведува до празнење на резервоарскиот простор и опасност високата зона од градот наскоро да се соочи со недостаток од вода за пиење - велата од ЈКП Дервен.

 

ЈКП Дервен ги предупредува жителите од овој дел на градот дека доколку продолжат прекумерно да ја трошат водата, во најскоро време недостатокот  во дистрибутивната мрежа ќе стане толку голем, што тие ќе останат без вода за пиење. А проблемот со замрзнувањето на водоводните инсталации во нивните домови можат да го решат и на друг начин, на пример со поставување на изолација.

 Од ЈКП Дервен ги посочија улиците каде може да се случи редукција на вода: Јордан Џурнов, Благој Страчков, Стеван Богоев, Славко Давчев, Прохор Пчински, Благој Страчков, Благој Кирков, Маца Овчарова, Ѓорѓи Димитров, Богдан Каракостев, Благој Јосмов, Славјанска, Стојан Буридан...

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »