речник контакт

На два дена пред крајот на наставната година, наставничката го напушти одделението

Реагираа родителите ова не е човечки и морално, директорката на ,,Џинот,, тврди ова е по закон

Петар Печков

На два дена пред крајот на наставата од учебната година, учениците од  V-  А одделение добија нов наставник. Наместо постојната, која ги учела и воспитувале четири  години, два дена ќе ги образува нов, за кого родителите велат дека е син на директорката.  Ова се случува во ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот,  каде дел од родителите  организираа протест од случувањата во одделението каде настава посетуваат нивните деца.

Секоја година ја започнуваме и завршуваме со трауми, плачење, одбивање на децата да одат на школо.   Не знам какви впечатоци ќе понесат од детството. Три години нашите деца и ние трпиме нервози од мајката на училиштето, раководена од нејзин интерес. Дали се важни децата или интересите  за работните места, тогаш да ги отпишеме децата и да ги запишеме во друго училиште – велат  родителите на учениците.   

Тие одбиваат да ги земат свидетелствата на децата ако на нив не стои потписот на  наставничката која ги учела изминатите четири години.  Објаснуваат дека треба да биде потпишана таа која ги воспитала и образувала а не некој кој ги учел два дена, во четири години.  За нив проблемот е од морален аспект а не правен. 

Директорката на училиштето Јордан Хаџи Константинов Џинот, која не одговарала  на прашањата од родителите, реагираше на нивните изјави за медиумите.  Објаснува дека постапила согласно Законот за работни односи, бидејќи наставничката била вработена  со договор како нејзина замена.   

Морав да постапам така како што постапив, морав да си го заштитам моето работно  место, затоа што само еден ден ако го продолжам нејзиниот работен однос го губам моето. Тоа е мое работно место и кога би го изгубила каде би одела, на четири години пред пензија.  Наставничката ги дооди цела генерација не гледам каде е проблемот – изјави директорката Фиданка Ивановска.  

Нејзиниот мандат како директорка на оваа образован институција завршувал на 11-ти јули а  вработената морала да го искористи годишниот одмор, кој започнал на 8-ми јуни.    Ивановска објасни  зошто нејзиниот син ја заменува наставничката. Според неа тој веќе бил вработен во училиштето во целодневниот престој и бидејќи неговиот ангажман во престојот бил во обратна смена, затоа ги пополнувал и часовите во паралелката.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »