речник контакт

На инфективното одделение нема згрижено заболен ниту сомнителен случај на корона вирус, ниту полицијата го чува

Надлежните ги демантираат гласините дека во велешка болница се згрижени болни или сомнителни случаи со корона вирус и дека објектот е под полициска заштита

Петар Печков

Откако инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес стана изолациски центар и карантинска единица за сомнителни корона вирус, таму нема згрижено ниту еден пациент. Ниту пак во изминатите денови полицијата го чувала објектот. Ова доаѓа по гласините кои се раширија низ градот дека е донесен пациент и дека полицијата поради тоа го чува одделението.  

Во моментот нема  згрижено заболени или во изолација сомнителен случај на лице со корона вирус. Нема болен пациент. Тоа беше лажна дојава. Имаше патничка која се вратила од патување а немаше никакви симптоми - изјави д-р Силвана Мишкова инфектолог и началник на Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес.  Директорот д-р Божидар Бојаџиев демантира дека ова одделение е под полициска заштита.

Изминатите денови тоа не беше случај, такво нешто немаше -рече д-р Бојаџиев. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »